Печати

Општи услови

Ве замолуваме да го прочитате следниов текст внимателно! Секое ваше користење на интернет страната gardemoda.mk и купувањето на производи или услуги воедно значат дека се согласувате со следниве услови за користење и истите имаат сила на обврзувачки договор склучен помеѓу вас и gardemoda.mk!

Општи услови

1. gardemoda.mk може да промени или повлече било кој дел од gardemoda.mk интернет страната, или може да одбие пристап до страната во било кое време доколку смета дека е неопходно.

2.gardemoda.mk исто така може да го раскине овој договор и веднаш да прекине, одложи или да забрани пристап до gardemoda.mk интернет страната во случај на било какво непочитување на овие услови за користење.

3.gardemoda.mk делува во свое име и за своја сметка, а не во ваше или име на трети лица.

4.Доколку gardemoda.mk не применува било кој услов од овој договор, тоа нема да значи дека истиот постојано нема да се применува.

5.Во случај било кој дел од овие услови за користење се покаже како неприменлив, тој дел колку што е можно ќе се толкува на начин да ги одразува намерите на договорните страни, а останатите делови ќе се применуваат во целост.

6.Овие услови за користење го сочинуваат целиот договор помеѓу вас и gardemoda.mk и истите може да се променат само во писмена форма. Истите исклучуваат секакви други услови или околности.

7.Користењето на gardemoda.mk и овие услови за користење се под надлежност на судовите на Република Македонија и македонското законодавство.

 

Купување од gardemoda.mk

1.Кога правите нарачка на www.gardemoda.mk вие се согласувате производот што сте го одбрале да го платите по цената што е означена за тој производ на интернет страната, а што е предмет на овие услови за користење.

2.Кога ќе ја завршите нарачката, ќе добиете потврда на е-маил дека вашата нарачка успешно е примена. Оваа потврда на нарачката се генерира автоматски, со цел вие да имате потврда дека вашата нарачка е примена.

3.Некои производи можат да бидат отстранети од продажба во било кое време без претходна најава. Доколку одредена нарачка не е доставена на корисникот или производот повеќе не е на залиха, а корисникот веќе ја извршил уплатата, gardemoda.mk целосно ќе ги рефундира средствата уплатени од корисникот, или на неговата сметка ќе додаде соодветен број на наградни поени со претходна согласност на корисникот.

4.Секоја нова нарачка се смета за посебна од претходните и се третира индивидуално.

 

Цени

1.Цената за секој производ е прикажана на интернет страната gardemoda.mk и во неа е вклучен ДДВ од 18 %.

2.Ние секогаш настојуваме цените кои се прикажани на интернет страницата да бидат точни, меѓутоа не исклучуваме можност за појава на грешки.

3.Сите цени се изразени во денари.

 

Плаќање

Плаќањето можете да го направите на 2  начина, преку избор на видот на плаќање и тоа:

-   Банкарски Трансфер - по испраќање на вашата нарачка ќе добиете профактура со сите потребни детали за плаќање преку банка.

Доколку плаќате преку e-banking, во интерес на времето можна опција е да ни испратите потврда од банката за вашето плаќање, во спротивно ќе чекаме банката да го направи истото, па потоа да започне процесот на испорака. Вие мора во целост да ја платите вашата нарачка пред производот да ви биде испорачан. Тоа можете да го сторите плаќајќи со дебитна или кредитна картичка или преку уплата во банка. Кога плаќањето се врши со кредитна или дебитна картичка, го задржуваме правото, доколку од околностите истото произлезе, да извршиме дополнителни сигурносни проверки, со цел утврдување на тоа дека лицето кое ја врши уплатата со картичката е навистина сопственикот на истата.

-    Плаќање при достава - по комплетирањето на нарачката, плаќањето на цената на производот, вклучувајќи ги и трошоците за испорака , се врши при предавањето на производот на корисникот.

Сите детали за нарачката и фактурите ќе бидат пратени на е-маил адресата на корисникот.

 

Достапност

1.Настојуваме да ја одржуваме gardemoda.mk интернет страната колку што е можно постојано ажурирана, но не гарантираме дека одреден производ секогаш ќе биде достапен. Доколку не сме во состојба да испорачаме одреден производ, а истиот веќе ви е наплатен, од наша страна ќе ви биде рефундиран целосно уплатениот износ на вашата сметка или ќе добиете на вашата корисничка сметка на gardemoda.mk соодветен број на наградни поени со ваша претходна согласност.

2.Сите производи се достапни се додека ги имаме на залиха. Доколку не сме во состојба да ви испорачаме производ кој сте го нарачале, ќе ве известиме во најбрз можен рок по добивањето на вашата нарачка. Доколку е ова случај, вие може да ја откажете вашата нарачка и уплатениот износ ќе ви биде вратен во најбрз можен рок.

Бројач на посети

135552
Денес
Вчера
Оваа недела
Минатата недела
Овој месец
Минатиот месец
Вкупно сите денови
10
34
68
135281
757
1883
135552
Ваша IP: 54.92.150.98
Време на серверот: 21-06-2018 08:06:14